Информации

Важни информации за камперите:

    Регистрацијата на камперите ќе се врши од 15:00 до 17:00 часот во влезот на хотелот Десарет. Вечерата е од 19:00 часот.
    Од автобуската станица во Охрид до хотел Десарет (Пештани) има автобуси што одат на секој саат. Цената на билетот е 30ден. Исто така има и комбиња што од таму тргнуваат и возат за слична цена.

      Доколку учесникот/ката е малолетен/а (има помалку од 18 години) мора да донесе потпишана согласност од еден од родителите/старателите за да учествува на овој камп. Формуларот можете да го превземете со кликање овде:

Формулар за согласност од родител/старател

    Исто така не заборавајте да понесете со вас ЗДРАВСТВЕНА КНИШКА!

Speak Out 2022

-Правила и очекувања-

Добредојдовте на Speak Out 2022! Се радуваме што можеме да бидеме заедно со вас оваа недела и за можноста што ја имате преку разни настани да го практикувате вашиот разговорен англиски јазик со тутори од Америка.

Со цел сите учесници да извлечат максимум од кампот, ние имаме некои правила и очекувања кои треба да ги почитувате:

1. За да имате успех во подобрувањето на вашиот разговорен англиски јазик, мора да бидете присутни и на време, на сите активности кои ги имаме испланирано за вас.
2. Бидете точни и навремени, почитувајќи го времето на туторите, кога ќе се договорите со нив за вашето туторско време.
3. Во вечерните часови после 23ч ќе се бара од сите вас да бидете тивки. Тоа е време кога повеќето од присутните гости во хотелов ќе сакаат да спијат. Ако сакате да останете подолго, ќе може да ги користите просториите кои се одредени за дружење и забава.
4. Не е дозволено машко и женско да бидат сами во соба.
5. Внимавајте да бидете одморени и наспани за да може да извлечете максимум од кампов и да го испочитувате правилото број 1.
6. Не е дозволено внесување и конзумирање на алкохол и дрога на кампот.
7. Забранет е секаков тип на насилство.
8. Во петок, ќе треба да ги напуштите собите после доручек, најдоцна до 11h.

Последица од прекршување на горенаведените правила може да биде исклучување од кампот.

Raspored na kamperi